Од 25 до 28 септември 2024 година во Врњачка бања, Република Србија се одржа обука за наставници за вториот циклус на програмата Суперучилишта организирана од страна на RYCO – Регионална канцеларија за младинска соработка, Европската Унија, GIZ и Германската влада. Обуката се организираше со цел наставниците – координатори на проектот да се стекнат со вештини и знаења за успешна размена меѓу партнер училиштата. Обуката беше поделена во неколку фази.
Прва сесија – запознавање со Програмата на RYCO – Суперучилишта, тематски проритети, улогата на наставникот и процесот на учење, Митови и Вистини за образовниот процес.
Втора сесија – Трансформација на културата на насилство во култура на мир во образовниот процес .
Трета сесија – Важноста на наставникот во животот на децата и младите
Четврта сесија – Личен и групен идентитет и вредности
Петта сесија – Спортот како важен дел од развојот на младите
Исто така се одржаа и неколку предавања за изработка на агендата за размена и финансиски буџет за истата.