Активот по спорт и спортски активности, заедно со Средношколската заедница – СОУ „Јосиф Јосифовски„ организираше меѓукласен турнир во баскет 3Х3 (машки и женски).
Турнирот се одржа во спортската сала „26-ти Април„. Учество земаа 24 класови од нашата гимназија, вкупно 110 ученици.
1-во место го освои класот III-2
Ристе Букаршлиев, Ѓорги Гушев, Дарко Јованов
2-ро место го освои класот I-6
Лука Чучанов, Блаже Тодоров, Снежана Димитрова
3-то место го освои класот II-3
Александар Думитрашкович, Благоја Атанасов, Димитар Дуев, Петар Цуклев, Душко Чурлинов
Во натпреварот за 3 поени учествуваа 16 ученици.
Со најмногу погодени поени во финалето беше ученикот Коста Танчев од класот I-10.
Победниците примија признанија од Активот по спорт и директорот на гимназијата Александар Делиџаков.



