14/05/2025 toni

Матурантите своето школување го завршија со еко-акција

Невообичаено, но одлично смислено и изработено – матурантите од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија својот претпоследен ден од школувањето го искористија со изведување на еколошка акција во паркот „Виолета“ во Гевгелија.

Со обновување на опремата за седење и играње, бојосување и посадување цвеќе уште од раните утрински часови сите матуранти присуствуваа на својот последен час искажувајќи ја благодарноста и кон Училиштето, но и кон градот за укажаната можност и за убавите денови поминати во гевгелискиот средношколски центар.

Како симбол на генерацијата тие посадија маслинка, која како што кажаа, е вековито дрво и сакаат таа да расте и да потсетува на нив и на нивните успеси и подвизи во изминатиот четиригодишен период.