11/02/2026 toni

Магија од култури, емоции и младинска енергија

Интеркултурната вечер во Детското село „Песталоци“ во Троген, Швајцарија, донесе незаборавна средба меѓу средношколците од Македонија и Полска. Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, под менторство на училишниот педагог Маја Проданова беа дел од овој прекрасен настан и со многу гордост, посветеност и автентичност ја претставија нашата Македонија, нашата Гевгелија и нашето училиште, заедно со уште четири средни училишта од земјата.

Преку музика, традиционални ора и песни, рецитации и вкусови од македонската кујна, учениците успешно ги пренесоа културните вредности и традиции, создавајќи мостови на пријателство и меѓусебно разбирање. Настанот се одвиваше во топла, пријателска и инспиративна атмосфера, каде младите имаа можност активно да учествуваат, да учат едни од други и да ја споделат приказната за својата земја.

👏 Браво за учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија! Гордост наша сте 🫶