Во претходните три недели, во обновената угостителска сала за првпат се одржа настан од типот квиз на знаење за учениците од СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија. Се одржаа три квалификациони сесии преку телефон и апликација Kahoot! при што, од 72 парови се издвоија 4 пара за полуфинале. Двете полуфиналиња е предвидено да се одржат на 19. и 20. април 2023 во угостителската сала и со присуство на публика а финалето со победниците, планирано за 27. април, ден пред патрониот праник на училиштето.
Целта на овој проект е, како што стои во поднасловот:…кој не знае, да научи. Прашањата се од области и предмети кои се изучуваат како и дел од општа култура.
За тоа низ што поминаа учениците а и ако не знаете, да научите, посетете ги линковите: bit.ly/soujj-kviz-k1, bit.ly/soujj-kviz-k2 и bit.ly/soujj-kviz-k3
Во прилог и дел од атмосферата на квалификациите.