Времето кое го поминал во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Силвестер Проле ќе го запамети по тоа што таму научил како да ги совладува пречките кои ќе се појават во секојдневниот живот и како да постапува во одредена ситуација. Научив, вели Проле, дека за да бидеш сакан, треба и да сакаш, за да бидеш почитуван, треба и ти да почитуваш. Инвестирав во моето средно образование, кое ме научи како полесно да се искачам на скалилата кон мојата кариера како етнокореолог. Сторете го тоа и вие, драги млади пријатели, заврши Проле.
ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Е НЕШТО НАЈБЛАГОРОДНО ШТО МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ЗА СЕБЕ И СВОЈАТА КАРИЕРА
