Во периодот од 3 до 18 февруари 2026 година, ученици од нашето училиште од проектот ” Промоција на безбедна училишна средина” учествуваа во интеркултурна размена, која се реализираше во Pestalozzi Children’s Village, Швајцарија, под координаторство на педагогот Маја Проданова.
Оваа размена претставуваше уникатна можност за младите да учат, да соработуваат и да градат пријателства со врсници од други земји, во средина која промовира толеранција, разбирање и почитување на различностите.
Во текот на престојот, учениците активно учествуваа во работилници и интерактивни сесии посветени на: човекови права и граѓанска храброст антидискриминација и сајбер-насилство идентитет и љубов кон себе тимска работа и лидерство интеркултурна комуникација радиоемитување и медиумска писменост привилегија и угнетување.
Програмата беше осмислена да поттикне критичко размислување, емпатија, одговорност и активно учество во општеството. Покрај работилниците, учениците имаа можност да посетат повеќе значајни градови и локации во Швајцарија и регионот, каде учениците се запознаа со културното, историското и научното богатство.
Интеркултурната размена им овозможи на учениците: да развијат самодоверба и комуникациски вештини да изградат меѓународни пријателства, да стекнат нови знаења преку практично учење, достојно да ја претстават нашата држава, град и училиште. Ова искуство претставува значаен чекор во нивниот личен и образовен развој, како и уште една потврда дека младите се вистински амбасадори на нашите вредности. Сертификатите се доказ за успешното учество во оваа извонредна интеркултурна размена.






































