30/05/2022 Goran Manev

Информации за матурантите

Термини за полагање испити од матура во учебната 2021/22

Екстерен дел од Државна матура

(најмалку 9.45 ч. во училница, почеток во 10.00 ч.)

  • сабота, 4 јуни 2022-македонски јазик и литература

  • понеделник, 13 јуни 2022-англиски јазик/математика

Интерен дел од Државна матура/Училишна матура/Завршен испит

Препорака од Државниот испитен центар:

ВАЖНИ информации за матурантите!

Сите матуранти на денот на испитот по избраниот предмет треба да ги прочитаат упатствата на насловната страна на тест книшката.

За македонски јазик:

  • да пишуваат со ракописно кирилично писмо.

За странските јазици (англиски, германски, француски)

  • внимателно да ги читаат инструкциите на секоја задача пред да почнат со одговарање на прашањата.

За сите предмети:

  • Да НЕ препишуваат!!! (сите утврдени преписи од оценувачите се оценуваат со 0 поени)
  • Да ги пренесат одговорите во Листата за ученик (ја добиваат заедно со тест книшката на денот на испитот).
  • Да внимаваат при пренесување на одговорите во листата за ученик
    (да ги бојат крукчињата според даденото упатство на самиот лист).
  • Да не ги пречкртуваат или бришат веќе пренесените одговори во листата за ученик.
  • Да пишуваат исклучиво со пенкало кое пишува сино.
    Одговорите со молив или со пенкало во друга боја се оценуваат со 0 поени.
  • Да не го пишуваат името и презимето во тест книшката или во некоја од задачите.

На сите матуранти им посакуваме успех во полагањето на испитите.