Фармацијата е многу повеќе од професија – таа е спој на знаење, наука, одговорност и хуманост. Денес со гордост го одбележуваме Денот на фармацевтите, но воедно го славиме и патот по кој чекорат нашите идни фармацевти.
Нашите ученици денес учат, истражуваат и стекнуваат знаења и вештини кои утре ќе им овозможат да бидат професионалци на кои луѓето ќе им веруваат. Затоа што зад секој лек стои знаење, зад секоја правилна препорака стои одговорност, а зад секој фармацевт стои желбата да помогне.












