15/02/2021 toni

Иднината се граби со професионалност

Александар Симјановски - професионален готвач кој основите на готварството ги стекнал во СОУ „Јосиф Јосифовски“

Професијата готвач е сè повеќе барана на пазарот на трудот. Гевгелија како град е познат по кулинарските специјалитети што се редовна понуда на трпезите на рестораните и хотелите.

Во изборот на својата професија Александар Симјановски вели дека не погрешил. Не погрешил кога основите во готварството ги учел од професорите во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

Успешен, со многу учества на натпревари и добиени награди ја граби иднината со својата професионалност.