11/12/2021 toni

GIRLS GO CIRCULAR ПРОЕКТ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ДИГИТАЛНИ И ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ВЕШТИНИ КАЈ ДЕВОЈЧИЊА

Girls Go Circular е нова програма во која оваа учебна година се вклучи и https://www.facebook.com/JuniorAchievementMacedonia/

Проектот се спроведува во 5 средни училишта во мрежа, меѓу кои и СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелијапод менторство на професорката Снежана Кичукова, преку едукативната платформа https://eit-girlsgocircular.eu/, во чии рамки 100 ученици ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења за циркуларната економија, притоа стекнувајќи дигитални и претприемачки вештини. Платформата и курсевите се дизајнирани да ги ангажираат учениците во практични активности, индивидуално и во групи, и да ги охрабрат да работат на решенија за важни социјални и еколошки предизвици, преку онлајн истражувања, планираат кампањи за социјални медиуми, снимаат видеа и презентации и развиваат бизнис планови преку модули за учење.

Иницијативата е поттикната од Европската Комисија каде според European Commission’s Women in Digital Scoreboard 2019, жените претставуваат само 34% од дипломираните студенти на СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) и 17% од ИКТ (информатичките и комуникациските технологии) специјалисти.

Преку зајакнување на вештините на девојчињата на возраст од 14 до 18 години во Јужна и Источна Европа, проектот Girls Go Circular ќе го намали дигиталниот јаз меѓу половите и ќе придонесе кон Акцијата 13 од Акциониот план за дигитално образование 2021-2027 – Поттикнување на учеството на жените во СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика), финансиран од ЕУ и имплементиран низ Европа што ни дава можност да ја означиме С Македонија на образовната карта на Европа. Зголемувањето на бројот на жени кои влегуваат на пазарот на дигитални вештини, би генерирал дополнителни 16 милијарди евра годишно за европската економија.

Со учество во проектот, ученичките:

  • Работат индивидуално и во тим;
  • ја учат важноста на родовата еднаквост за иднината на Европа;
  • ги надминуваат родовите стереотипи поврзани со дисциплините СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика);
  • развиваат претприемнички и дигитални вештини преку онлајн модули;
  • го зголемуваат учеството на девојчиња/жени во дигиталната и претприемничката сфера;
  • ги прошируваат нивните интереси во различни области и
  • се стекнуваат со меѓународен сертификат.