Во текот на месец октомври 2025 година,нашето училиште СОУ „Јосиф Јосифовски“ потпиша меморандум за соработка со Француски Институт – Скопје. На средбата беше договорено да се започне со проект Француска гастрономија, кој е поддржан од Француската амбасада и ќе се спроведува во учебната 2025/26 год. Учесници во проектот се ученици од угостителската струка, од профилот готвачи,но и келнери и хотелско туристички техничари. Во петок 21.11.2025 ќе се спроведе и практичниот дел од проектот, со познатиот француски готвач Марк, во нашата угостителска сала… Јазичниот дел од проектот го спроведува проф.Ивана Кркотиќ – Прошевска
Француска гастрономија
