17/12/2021 toni

Фотогалерија од првата дисеминација на проектот Hospitality and Cooking Training

Под раководство на професорите: Бранко Бизоев, Велика Бизоева, Марина Калкова, Зорица Лешевска, Антонио Какров и Стефчо Стефанов се одржа првата дисеминација од проектот Hospitality and Cooking Training

Во просториите на угостителската сала во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се одржа првата дисеминација од проектот Hospitality and Cooking Training  реализиран преку Еразмус+ програмата.

Учениците заедно со своите наставници пред присутните родители и наставници дадоа осврт на обуката која се реализираше во Метаморфозис, соседна Грција.

Благодарност до хотел „Аполонија“ за отстапениот кујнски простор за подготовка на специјалитетите што беа дел од вториот дел на настанот-дегустација на грчки специјалитети.