Во периодот од 16-19 Мај, група ученици од СОУ Јосиф Јосифовски учествуваа на едукативен камп за ученици од средни училишта во Дојран, со што достојно и со пофалби го претставија нашето училиште.Кампот беше организиран од МЕД (Македонско Еколошко Друштво), во рамки на проектот ,,Заштита и ревитализација на Медитеранските влажни зони”- PROZHUM, подржан од француски грант. Учениците имаа најразлични активности поврзани со еколошка едукација, истражување на биодиверзитетот и теренска настава на крајбрежјето на Дојранското Езеро, со што го унапредија своето знаење за биодиверзитетот на Дојран, различните еколошки системи, важноста за одржување на балансот во природата и одговорното однесување кон животната средина.
Еколошки едукативен камп









