30/10/2024 toni

Eдукација и промоција на биолошката разновидност на Брегалничкиот регион

Учениците од СОУ„Јосиф Јосифовски“ го посетија едукативниот центар во с.Негрово, Пехчево. На несекојдневен и оригинален начин, преку едукација и промоција на биолошката разновидност на Брегалничкиот регион, придонесе подигање на јавната свест за зачувување на природата. Учениците со нивните професори: Гордана Делиџакова, Снешка Аризанова и Магдалена Ангелкова, уживаа во богатството скриено на Беласица-Колешински водопади,Берово и Струмица-градот под царевите кули.