На 34 Меѓународен фестивал на уметноста во Банско Драмската група „Дон Кихот“ од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија учествуваше со претставата „Адска машина“ во режија на професорката Даниела Џишева, техничка обработка на професорот Тони Аврамов, а на текст од Венко Андоновски.
Годинава на фестивалот учествуваа 3000 учесника од: Украина, Бугарија, Грција, Русија, Македонија…
Во силна конкуренција Драмската група „Дон Кихот“ го освои второто место, а ученикот Костадин Узунов ја доби наградата за најдобра машка улога.








