На 14.04.2025 се оддржа Државно првенство во Битола во машка конкуренција (средни училишта). Во првото полуфинале се сретнаа екипите на СОУ “Јосип Броз Тито” – Скопје и СОУ “Јосип Броз Тито” – Битола, влез во финалето обезбеди екипата од Скопје. Во второто полуфинале се сретнаа екипите на СОУ “Ибрахим Темо” – Струга и СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија, со двоцифрена разлика гевгеличани обезбедија влез во финале. Првото место го освои СОУ” Јосип Броз Тито” – Скопје, второ место СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија, трето место СОУ “Јосип Броз Тито” – Битола и четвртото место СОУ “ Ибрахим Темо “- Струга. Ова е историски момент за екипата на СОУ “Јосиф Јосифовски”, прво финале на државно ниво и сребрен медал. Честитки за нашите ученици: Ристе Букршлиев, Јордан Кузманов, Андреј Ичев, Лука Чучанов, Димче Ефтимов, Коста Танчев, Давид Кокочев, Ѓорги Гушев, Иван Петков, Димитар Мајсторов, Марко Петковски, Блаже Тодоров, Мартин Митренцев. Ментори на нашите ученици: професорите по спорт и спортски активности Влатко Семенаков и Трајче Стојанов.
Државно првенство во кошарка



