Во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија се одржа дисиминација на која присуствуваа ученици од училиштето. Целта на обуката беше младите да се запознаат со историјатот, активностите и принципите на Црвениот крст.
Лидерот на клубот на млади, а воедно и дисиминатор, Милчо Јовановски ни изјави дека ова е прва од неколкуте дисиминации кои ќе се однесуваат конкретно на Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности” (ЦКА-ПХВ). Ова е проект кој со години континуирано се имплементира во нашава земја од страна на Црвениот крст. Проектот претставува домашен производ создаден во склад со локалните обичаи и културни норми, и постојано надградуван согласно потребите кои ќе се појавуваат на теренот.
Црвениот крст на Република Македонија е единствена организација на територијата на Република Македонија, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините, меѓу кои и Гевгелија, а преку СОУ „Јосиф Јосифовски“ и ученици кои волонтираат во оваа организација.
Вкупно 70 ученика се членови, а околу триесеттина се активни постојано. Одговорен наставник е Марија Танева.