На интересен, но оригинален начин, учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија што како втор јазик го изучуваат германскиот, кај професорката Ивана Кркотиќ Прошевска, веќе подол период работат на блогот https://germanskisoujj.blogspot.com/
Блогот иако со стартувањето можеби беше наменет како начин како полесно да се совлада германскиот јазик, со текот на времето прерасна во вистинска ризница на „енциклопедија“ за современото општество и личностите кои се дел од тоа општество. Познати личности од сегашноста, но и минатото се само дел од ризницата од текстови и фотографии што учениците со професорката Ивана го работат како слободна ученичка активност.
Вредно за почит!