30/06/2026 toni

Реализација на активноста 3.2. во рамките на Еразмус+ програмата

Во рамките на Erasmus+ проектот START-DS – Smartphone as a Tool for an Active and Reflective Transition toward Digital School (2024-1-IT02-KA220-SCH-000249188), СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија успешно ја реализираше Активноста 3.2 од Работниот пакет 3, кој е насочен кон истражување на влијанието на дигиталните алатки врз наставниот процес и учењето.

Проектот ги обединува образовните институции од Италија, Полска, Ирска, Бугарија и Северна Македонија во заеднички напори за создавање поквалитетно, поинклузивно и подигитализирано образование, засновано на реални искуства од училницата.

Во текот на реализацијата на активноста, четворица наставници од нашето училиште спроведоа вкупно осум наставни часа, од кои четири со употреба на дигитални алатки и четири без нивна употреба. Во активностите беа вклучени вкупно 165 ученици.

Во дигиталните часови учествуваа 98 ученици (25 на англиски јазик и 73 на македонски јазик), додека во недигиталните часови беа вклучени 67 ученици (27 на англиски јазик и 40 на македонски јазик).

Целта на активноста беше да се согледа како различните наставни пристапи влијаат врз вклученоста, мотивацијата и учењето на учениците. Наставниците и учениците имаа можност да споредат различни начини на работа и да дадат свој придонес во истражувањето кое се спроведува на ниво на сите партнерски институции.

Собраните податоци ќе бидат дел од заедничката анализа на проектниот тим и ќе помогнат во креирањето препораки за поуспешна и поодговорна интеграција на дигиталните технологии во наставата.

Продолжуваме активно да работиме на проектните активности и да придонесуваме кон развојот на современо образование кое ги подготвува учениците за предизвиците на дигиталното време.

За повеќе информации и за следење на сите активности, резултати и ресурси од проектот START-DS, посетете ја официјалната веб-страница:

www.startdigitalschool.eu