На 5.2.2026 г. во холот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија по повод La Chandeleur, познат како Ден на палачинките се продаваа вкусни палачинки подготвени од вредните ученици од угостителската струка. Наставниците Ана Камчева, Мирјана Чамџиќ и Елена Шаренкова ја организираа оваа активност во соработка со ученици кои го изучуваат францускиот јазик и претставници од Училишниот совет. Средствата од овој настан ќе се наменат во хуманитарни цели.
La Chandeleur во Гевгелија


