Во рамки на Erasmus+ проектот START-DS, на 3 февруари 2026 година беше реализирана онлајн работилница со проектниот конзорциум, организирана и водена од тимот на TU Dublin. Работилницата беше посветена на развојот на едукативната апликација DEAR-IO, наменета за поддршка на дигиталната благосостојба на учениците.
Покрај членовите на проектниот тим, во работилницата активно учествуваа и други професори од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, кои со своите искуства и стручни согледувања придонесоа кон дискусиите и креирањето на концептот на апликацијата.
Фокусот на работилницата беше ставен на презентација на резултатите од истражувањата спроведени меѓу ученици, разгледување на нивните потреби и очекувања, како и анализа на постоечки апликации и релевантни научни наоди. Преку интерактивни активности и структурирани дискусии, учесниците заеднички ги дефинираа целите, опфатот и клучните функционалности на апликацијата DEAR-IO.
Заклучоците и резултатите од работилницата ќе бидат искористени во следните фази од проектот START-DS и ќе придонесат кон развој на дигитални алатки кои поддржуваат активна и рефлексивна транзиција кон дигитално училиште и унапредување на благосостојбата на учениците.
Реализирана START-DS работилница за апликацијата DEAR-IO







