На 17 мај 2025 година, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово, се одржа Националниот круг на Економската Олимпијада, организирана од Институтот за либерална алтернатива (lai.mk). Настанот беше врв на натпреварувањето кое започна со над 2000 ученици од 52 средни училишта од целата држава.
Програмата на денот опфати:
– Пишан испит,
– Едукативни #EconlitX Talks сесии,
– Усмен натпревар за Топ 10 ученици,
– И завршна свеченост со доделување на награди на Топ 5 финалисти.
Со особена гордост објавуваме дека нашиот ученик, Стефан Младеновски, под менторство на проф. Снежана Кичукова, го освои првото место и се пласираше во националниот тим кој ќе ја претставува Македонија на Меѓународната Економска Олимпијада во Атина, Република Грција.
На Стефан му посакуваме уште поголеми достигнувања на меѓународната Олимпијада во Атина и одлично претставување на нашето училиште и државата!




