17/05/2025 toni

Успех на Државниот рецитаторски натпревар

На Државниот рецитаторски натпревар кој се одржа на 17.5.2025 г.во Скопје, учениците Костадин Узунов и Зоран Кундурџиев од СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија постигнаа солидни резултати. Учениците во конкуренција од 26 рецитатори ја покажаа љубовта кон поезијата и смислата за постоењето на својот јазик.
Костадин Узунов под менторство на професорката Бисерка Макревска го освои второто место, а Зоран Кундурџиев под менторство на професорката Даниела Џишева се закити со благодарница.