На 8.4.2025г. се одржа првиот селекционен тест за квалификации за Македонската економска олимпијада МЕО 2025. Од СОУ„Јосиф Јосифовски“ Гевгелија учествуваа 9 ученици, од кои 7 остварија право на учество на МЕО 2025. На 29.4.2025 год. во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а во организација на Сојузот на математичари на Македонија, се одржа третата Македонска економска олимпијада МЕО 2025. Од седумте ученици од СОУ„Јосиф Јосифовски“ Гевгелија кои се пласираа на олимпијадата, тројца се закитија со медали. Сребрен медал освоија учениците Стефан Младеновски од II година и Јован Оџаков од III година, а Катерина Удовалиева од IV година освои бронзен медал. Учениците се натпреваруваа под менторство на професорите: Јасмина Папалазова, Русица Атанасова, Снежана Кичукова, Сашо Папалазов и Софија Тошева –Раманчева.
Сребрени медали за Стефан и Јован и бронзен за Катерина на МЕО 2025