Две успешни работилници против врсничко насилство реализирани од страна на стручната служба во училиштето! Во соработка со Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, успешно реализиравме две едукативни работилници, едната со ученици, а другата со родители. Учениците се обучија како врснички едукатори и подготвени се да споделат знаења и вештини со уште 80 свои соученици, преку активности за дисеминација во училиштето. Заедно градиме посигурна, посовесна и поподдржувачка училишна заедница!
#НемаИзговорЗаНасилство




