17/04/2025 toni

СОУ Јосиф Јосифовски од Гевгелија во европскиот образовен простор: Еразмус+ мобилност во Шпанија

Во рамките на програмата ЕРАЗМУС+, акција КА102 – мобилност на ученици и кадар во стручно образование и обука, СОУ „Јосиф Јосифовски“ успешно го доби и започна со имплементација на проектот „Skills for Sustainable Growth: A Synergy of Economy, Engineering and Tourism“ (Вештини за одржлив раст: Синергија на економијата, инженерството и туризмот).

Проектот е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (https://www.na.org.mk/) и овозможува интернационално стручно усовршување за нашите ученици од секторите:

  • Економија, право и трговија
  • Машинство
  • Угостителство и туризам

Мобилноста се реализира во периодот од 13.04.2025 до 26.04.2025 година во Малага, Шпанија во соработка со партнерската организација Euromind (https://euromind.es/), под менторство на наставниците Јасмина Николова и Јован Самарџиев.

За време на престојот, учениците имаат уникатна можност да стекнат практично искуство преку работа во реална средина во соодветни компании, со што ќе ги унапредат своите знаења и професионални компетенции, а истовремено ќе развијат професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања, конкурентност на пазарот на труд и размена на искуства и знаења.

Оваа мобилност им овозможува на нашите ученици да стекнат знаења, вештини и навики кои се потребни за вршење на работата во рамки на квалификацијата и оспособување за брзо вклучување во процесите на конкретна технологија на работа.

Нашата цел е учениците да стекнат соодветно искуство во одредено подрачје и да развијат потребни вештини со кои се зголемува нивната подготвеност за вработување и работа, преку извршување работни задачи кај работодавач, согласно со утврдена програма.

Проектот претставува одлична можност за размена на идеи и искуства, развој на интеркултурна соработка и подготовка на учениците за пазарот на труд во една современа и европска рамка.

Горди сме што нашето училиште е дел од европското семејство на училишта што вложуваат во иднината на младите преку образование, мобилност и соработка!

Заедно креираме, создаваме, учиме и се дружиме во заедничките проекти кои успешно се реализираат.