11/06/2025 toni

ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ РЕДОВНИ УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2025 2026

Во согласност со член 42 од Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука и Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година во РСМ, Училишната комисија за запишување ученици на СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија распишува

ОГЛАС

за запишување на редовни ученици во I (прва) година во учебната 2025/2026 година

 

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2025/2026 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование и стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење).

Паралелките во стручно образование кои се означени со * се дуални паралелки.

  1. I. Во СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ – Гевгелија за учебната 2025/2026 година во прва годинаќе се запишат 286 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Вид на образование и профил број на паралелки број на ученици минимум потребни поени години  на образование
Гимназиско образование

Гимназиско образование

( македонско-англиска билингвална паралелка)

3

1

102

34

60

60

4

4

Стручно образование, Сектор Економија, право и трговија
Економски техничар/бизнис администратор* 1 25 60 4
*(во соработка со компании)
Стручно образование, Сектор Угостителство и туризам
Хотелско-туристички техничар* 1 25 45 4
Готвач/Келнер* 1 25 30 3
*(во соработка со компании)
Стручно образование, Сектор Машинство
Машински техничар за моторни возила* 1 25 45 4
Автомеханичар* 1 25 30 3
*(во соработка со компании)
Стручно образование, Сектор Здравство и социјална заштита
Забен техничар / Фармацевтски техничар* 1 25 70 4
*(во соработка со компании)

 

  1. II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
    Запишувањето на учениците во СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија во учебната 2025/2026 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Оглас.
    Условите за запишување на учениците во прва година се:
    – да имаат завршено основно образование;
    – да не се постари од 17 години;
    – да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
    а) гимназиско образование;
    б) стручно образование и обука;
    – да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас.

Критериуми за избор на учениците се:

  • среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
  • среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за секторот);
  • дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот односно изборното подрачје;
  • средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за секторот), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:

  • за освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени.
  • за освоено место од државни акредитирани натпревари:
    за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на попреченост.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.

Бесплатен превоз на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (сектор или квалификација) го има во општината, односно регионот.

Доколку се пријават поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:

  • за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;
  • за Сектор Здравство и социјална заштита– биологија и хемија,
  • за другите сектори – мајчин јазик и математика.

Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Оглас.

Доколку не се пополнат ученичките места во предвидените уписни рока, СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија ќе продолжи со запишување на ученици до 31.8.2025 година.

ПРЕГЛЕД НА НАСТАВНИТЕ ПРЕДМЕТИ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ КОИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО КРИТЕРИУМИТЕ ЗА РАНГИРАЊЕ НА УСПЕХОТ НА УЧЕНИЦИТЕ

Задолжителни наставни предмети се: мајчин јазик и англиски јазик

реден број ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ

-подрачје / комбинација-

Наставни предмети кои се од значење за подрачјето
1 Гимназиско образование:

-Природно-математичко подрачје (комбинација А)

-Природно-математичко подрачје (комбинација Б)

-Општествено-хуманистичко подрачје (комбинација А)

-Општествено-хуманистичко подрачје  (комбинација Б)

 

математика,  физика

математика, биологија

математика, историја

математика, историја

СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

–        Сектор –

Наставни предмети кои се од значење за струката
2 Економија, право и трговија математика, историја
3 Угостителство и туризам биологија, географија
4 Машинство математика, физика
5 Здравство и социјална заштита биологија, хемија

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

По успешното електронско пријавување, учениците ја доставуваат следната документација:

– пријава за запишување (пријавата учениците можат да ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е – услуги);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и  III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот, насоката односно изборното подрачје;

– извод од матичната книга на родените (без оглед на датум на издавањето),

Пријавувањето со потребните документи се врши лично од ученикот или родителот, односно старателот.

  1. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука

https://e-uslugi.mon.gov.mk со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:

Прво  електронско пријавување:

  • од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година 

Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 јуни 2025 од 08:00 до 19:00 часот и 19 јуни 2025 година од 08:00 до 17:00 часот, согласно изготвен распоред од училиштето.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места се објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12:00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.

Квалификациско тестирање ќе се организира во  училиштето за средно образование (доколку за тоа има потреба) на 23 јуни 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 23 јуни 2025 година на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.

Второ електронско пријавување:

  • 30 јуни 2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот

Доставувањето на потребната документаија до училиштата е на 01 јули 2025 година од 10:00 до 19:00 часот согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12:00 часот на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница

Квалификациско тестирање ќе се организира (доколку за тоа има потреба) на 4 јули 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 4 јули 2025 година, на јавно место во училиштето.

 АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштето во кое има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот после јунскиот уписен рок со две пријавувања.

Пријавување на учениците ќе се врши на  21 август 2025 година  од  00:00 ч. до 15:00 часот електронски.

Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 21 август 2025 година од 08:00 до 17:00 часот согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето ќе се објават на 22 август 2025 година, најдоцна до 10:00 часот

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

  1. V. НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ 

Училиштето по првото пријавување, може да го намали утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот и овој Оглас најмногу до 10 поени, освен за упис во гимназиско образование и секторот Економија, право и трговија, како и  секторот Здравство и социјална заштита, каде намалувањето на утврдениот број на минимум поени не е дозволено.

Училиштето е должно со интерниот оглас за второто пријавување, да ги истакне утврдените минимум поени со кој е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма и да го објави до  28 јуни 2025 година .

За уениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија ,  а едно, две или три одделенија ( VI, VII или  VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици наведени погоре.

Училишната комисија одговара за правилно и навремено спроведување на Огласот за запишување на ученици во средните училишта во уписните рокови, ја утврдува конечната ранг листа на примени ученици и решава  по приговори од ученици по конечната ранг листа, во рок од 12 часа по истекувањето на истата.

  1. VI. НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Надзор над спроведување на овој Конкурс врши Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и овластените просветни инспектори на општините.

Училишна комисија за запишување ученици

СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија

Претседател, директор: Александар Делиџаков