10/10/2024 toni

10 Октомври – ден на менталното здравје

Денот на менталното здравје, кој традиционално се одбележува на 10 октомври, е значаен момент за подигање на свеста за важноста на менталното здравје и грижата за психолошката благосостојба на луѓето. СОУ ,,Јосиф Јосифовски, го одбележа овој ден преку различни активности како анкети, работилници и дискусии од страна на педагошко-психолошката служба. Со анкетата стручната служба имаше за цел да испита колку учениците и родителите се информирани за темата на менталното здравје, нивните искуства со стрес, анксиозност или депресија, и дали се чувствуваат поддржани во нивната средина. Работилниците, од друга страна, содржат активности кои вклучуваат техники за справување со стрес, медитација, вежби за подобрување на менталната благосостојба, како и вежби за емоционална интелигенција. Со работилниците, кои ќе продолжат и во наредниот период, со цел да бидат опфатени сите ученици, ќе имаат можност за интеракција, размена на искуства и стекнување нови вештини за подобро справување со предизвиците на секојдневието.