Во просториите на угостителската сала во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се одржа првата дисеминација од проектот Hospitality and Cooking Training реализиран преку Еразмус+ програмата.
Учениците заедно со своите наставници пред присутните родители и наставници дадоа осврт на обуката која се реализираше во Метаморфозис, соседна Грција.
Благодарност до хотел „Аполонија“ за отстапениот кујнски простор за подготовка на специјалитетите што беа дел од вториот дел на настанот-дегустација на грчки специјалитети.