15/05/2019 СОУ Јосиф Јосифовски

Второ место за Мартина на државен натпревар по француски јазик

Ученичката Мартина Трајаноска од четврта година под менторство на професорката Мирјана Чамџиќ го освои второто место на државниот натпревар по француски јазик за есеј на тема ,, Има ли потреба од зборови за да се изразиме? ’’

Натпреварот беше во организација на Здружението на професори по француски јазик во соработка со Националната комисија за Франкофонија, Филолошкиот факултет и Францускиот институт во Скопје на 12.5.2019 год.