21/05/2018 СОУ Јосиф Јосифовски

Второ место на натпревар за најдобра ученичка компанија

Учениците од  трета година од образовниот профил економски техничар при СОУ„ Јосиф Јосифовски“ -Гевгелија  со своите ученички компании учествуваа на  18.05.2018 година  на натпреварот за најдобра ученичка компанија.  Учествуваа две ученички компании со учениците од економски техничар трета година под менторство на професорките Снежана Кичукова и Софија Тошева-Раманчева. Ученичката компанија Find & Buy (апликација за пронаоѓање и купување на облека) го освои второто место, а компанијата беше составена од следните ученици Ружица Ѓоргиева, Гордана Зарова, Софија Миткова, Сања Милеска, Вили Трајковски, Маја Кочева, Милица Динова, Викторија Мишкова Кристина Карајанова, Филип Карагонов и Јулијана Танева Организатор на натпреварот е Јуниор Ачивмент Македонија.