Втора дисиминација од проектот „ Дигитален маркетинг и готварство“


На 10.4.2019год. ( среда ) во хотел „Аполонија“ се одржа втората дисиминација од проектот „Дигитален маркетинг и готварство“ во рамки на програмата Еразмус+.  Проектот опфати двонеделна мобилност на ученици од економско-правна трговска струка во Даблин ( Р Ирска ) и двонеделна мобилност на ученици од угостителско – туристичка струка во Јанина          ( Р Грција ).  Целта на проектот „Дигитален маркетинг и готварство“ опфаќа синтеза на  искуства од двонеделната мобилност  на економската струка во   Даблин и  учениците од угостителско-туристичка струка во Јанина.

На дисиминацијата присуствуваше Градоначалникот на општина Гевгелија,г.Сашо Поцков, претседателот на Совет на општина Гевгелија г. Ташко Дојчинов, дел од советниците на општина Гевгелија,  претставници од банкарскиот сектор во општината и локалната бизнис заедница, претставници од  општинските основни училишта , професори од СОУ„Јосиф Јосифовски“ –Гевгелија, заинтересирани  родители и ученици.

Пред почетокот на дисиминацијата директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски“  -Гевгелија, г. Цветан Нелоски имаше поздравен говор притоа истакнувајќи дека мобилноста во Даблин и Јанина го заслужуваат епитетот на успешност затоа што со својата динамика овозможуваат внесување нов импулс на саморазвивање во светот на професионалното работење.

На почетокот пред присутните гости се обрати и г-ѓа Френ Бенкс, менаџер на компанијата ДРЛ . Партнер организацијата ДРЛ  е со долгогодишно искуство во полето на економскиот и социјалниот развој, подобрувањето на бизнис климата, странските директни инвестиции, регионализацијата и туризмот.  Во рамки на својата презентација Френ Бенкс зборуваше за културолошките аспекти на Даблин и Хоуф, сличностите и разликите меѓу двете земји, за почетокот на соработката, тимот вклучен во програмата и целта на проектот.

Осврнувајќи се на успешниот тим вклучен во програмата, таа ја потенцираше важноста на концептот на бизнис моделот Лин Канвас, значењето на дигиталниот маркетинг, алатките во подобрување на бизнис процесот и улогата на технолошките аспекти при развивање на маркетинг стратегија.

Партнер организацијата „Оберон“ е приватна компанија  со долгогогодишно искуство во проекти на ЕУ и деловно консултанство, претставена преку Теодор Алексиоу. Со краток осврт кон различните модули во програмските активности кои интегрираа традиционална епирска кујна и улогата на дигиталните технологии во туризмот и угостителството, г. Теодор Алексиоу  во своето обраќање со воодушевување се фокусираше на  крајниот резултат од интерактивните работилници во Јанина.

Дисиминацијата тематски опфати четири дела.  Првиот дел започна со презентирање на разликите меѓу традиционалните бизнис модели и бизнис моделот  Лин Канвас. Се објасни концептот на Лин Канвас,  причината за неговата примена во старт ап компаниите и значењето при креирање на е-маркетинг стратегија и е-бизнис план. Се даде акцент на предноста од дигитален маркетинг и маркетинг стратегиите базирани врз моделот Лин Канвас.

 

Вториот дел од дисиминацијата опфати презентација на изработените е-бизнис планови и маркетинг стратегии базирани на моделот Лин Канвас. На идеја на угостителската струка, учениците од економската струка креираа е-бизнис план и маркетинг стратегија за три видови ресторани. Деветте полиња по кои се креираше е-бизнис планот и маркетинг стратегијата се: проблем на пазарот, сегментација на потрошувачи,   уникатни вредносни пропозиции, решение, клучна матрица, комуникациски дистрибуциони канали, структура на трошоци,  приходи и нелојална конкуренција.  Воедно, учениците успешно изработија  развојна стратегија на потрошувач и маркетинг стратегија преку изработка на веб страна за својот ресторан.

Првата група презентираше изработка на млечен ресторан со мисија на потрошувачите да им се заштеди време преку едноставно, функционално и сигурно решение, кое ќе им овозможи најбрзо и најлесно да стигнат до посакуваната храна.

 

 

Втората група презентираше е-бизнис модел за сларкарница со визија да се биде синоним за компанија која постојано поставува нови стандарди , како во областа на вработување, трговија и инвестирање, така и во областа на живеењето. Освен вовeдувањето на нови навики и трендови, визијата  е да ги предвидат и креираат истите.

Третата група презентираше е-бизнис модел за паста ресторан со мисија да се пренесе задоволството кое кое го нуди пастата: комфорот, исполнетоста, автентичност и домашна подготовка. Визијата на  ресторанот е креирање цврста врска помеѓу угостителството и општеството.

Третиот дел од дисиминацијата опфати објаснување на тоа кои стратегиски трикови се применети во концептот на креирање листа на јадења и успешен угосителски бизнис.

Во рамки на дисиминацијата присутните имаа можност да научат како се подготвува сорбет, а воедно и да дегустираат производи вклучени во широкиот дијапазон од листата на јадења од сите три типа видови ресторан.

 

Дисиминација заврши со поттикнување на присутните гости за инвестирање во идеите како најголем капитал , а воедно извор на иновација и клучен момент на сите човечки промени и прогрес.

Повеќе фотографии од дисиминацијата на проектот „Дигитален маркетинг и готварство“ се достапни на линкот од фејсбук страницата на проектот:

Project: Digital Marketing and Cooking

https://www.facebook.com/Project-Digital-marketing-and-cooking-233100417324290/?modal=admin_todo_tour

 

 

Comments

comments

Check Also

43 Школа „Млади физичари“

Учениците од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија успешно се претставија на 43 Школа „Млади физичари“ со своите експерименти …

Powered by keepvid themefull earn money