17/04/2018 СОУ Јосиф Јосифовски

Цветно разубавување на училишниот двор на СОУ ,, Јосиф Јосифовски “

Вредните раце на средношколците уште еднаш покажаа дека  можат да придонесат за поубава животна околина.

Во саботата, на 14.4.2018 година се спроведе акција за цветно уредување на училишниот двор. Учениците засадија стотина цветни садници и задоволни што ќе го красат училишниот двор ветија дека ќе ја продолжат грижата за нив.

 

Во акцијата се вклучија и директорот на СОУ ,, Јосиф Јосифовски “, професорите по спорт и професорката Мирјана Чамџиќ како одговорна за средношколската заедница.