28/06/2021 toni

Златка Петрова со нова поетска награда

На распишаниот конкурс за наградени песни и автори на VI Меѓународна поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер” свои поетски творби испратија над 300 поети и поетеси од Р. Македонија и странство, како и 68 млади автори.

Во категоријата на млади автори награда доби и ученичката Златка Петрова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија под менторство на професорката Бисерка Макревска за песната „Згасната светлина“.

Еве ги наградените млади автори:

1. Охридски убавини“ – Теа Ристовска, ОУ „А.С. Ќиќиш“ – Тетово, ментор: Елизабета Стојческа
2. „Порив“ – Соња Дончова, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Соња Шијаков
3. „Ангелот во темнината“ – Николче Ангеловски, ДСУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, ментор: Перчо Божиновски
4. „Кога човекот ќе се роди“ – Мила Трајческа, ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, ментор: Мирјана Кимева
5. „Тата“ – Елена Симовиќ, ОШ „Народни херој Саво Илиќ“ – Котор, Црна Гора, ментор: Ангела Дабетиќ
6. „Згасната светлина“ – Златка Петрова, СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, ментор: Бисерка Макревска
7. „Сон“ – Викторија Јованчева, ОУ „Никола Карев“, Пробиштип
8. „За Рацин“ – Вероника Саздовска, Велес
Манифестацијата ќе се одржи на 10 јули во 14 часот, во манастирскиот комплекс „Св. Недела“ во с. Оровник, на 15 минути или 10 км од Охрид.