16/12/2022 toni

Златен и два сребрени медали на натпреварот ELEX

На 14.12.2022 година, во организација на асоцијацијата „Еврокласика“, чиј член ездружението на класични филолози „Антика“, се организираше натпревар на меѓународно ниво по класичните јазици EGEX (старогрчки) и ELEX (латински јазик). СОУ ,,Јосиф Јосифовски” е добитник на три награди. На натпреварот ELEX (латински јазик) ученичките Велика Бучкова и Елена Ристова се закитија со сребрена диплома, а ученичката Сара Стамкова го достигна највисокото ниво, златна диплома.
Ментор на учениците е професорката по латински јазик Мирјана Чамџиќ