21/05/2018 Goran Manev

Второ и трето место на интернационалниот гастрономски фестивал „COOK AND SERVE 2018“

На интернационалниот фестивал „COOK AND SERVE 2018″ што се одржа на 18.5.2018год. во Центарот за доживотно учење на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип во Плачковица,  учениците од угостителско-туристичката струка, образовен профил готвач и келнер постигнаа извондреден успех. Тимот кој го сочинуваа учениците Никола Стаменковски, Васил Пешевски и Магдалена Симиќ под менторство на професорката Марина Калкова освоија второ место во категоријата тимско натпреварување на тема Традиционална кујна на модерен начин. Ученичката Елена Трајкова под менторство на професорот Љубомир Кавазов освои трето место во категоријата ресторантско послужување и презентација на вина.