17/12/2018 Goran Manev

Второ и трето место на „Лидер на струка“ за угостителско-туристичка струка

На 5.12.2018год. ( среда ) во СОУ „ Коле Нехтенин “ – Штип се оддржа натпреварот на средните стручни училишта од угостителско-туристичка струка  „Лидер на струка“.

Учениците Елена Трајкова од образовен профил келнер се стекна со награда за освоено  трето место, а ученикот Никола Стаменковски од образовен профил готвач го освои третото место.  Ментори на учениците се професорите Марина Калкова, Ана Аврамова и Станка Карајанова.

Ученичката Симона Петкова од образовен профил хотелско-туристички техничар  под менторство на професорите Бранко Бизоев и Велика Бизоева го освои второто место.