16/05/2022 toni

Втора дисеминација на проектот Project Management and Hospitality and Cooking Training

Профилот Економија, право и трговија и Угостителство и туризам во Негорските Бањи во Гевгелија ја одржаа втората дисеминација од проектот Hospitality and cooking training. Учениците и нивните ментори презентирајќи ги грчките специјалитети и искуствата што ги добија во двонеделните обуки во Метаморфозис и Атина на симболичен начин го означија завршувањето на првата етапа од проектот. Во иднина проектот својата одржливост ќе ја насочи кон пренесување на искуствата на следните генерации кои ќе бидат запишани во овие образовни профили.

Приоритетната цел на престојот во Метаморфозис и Атина, соседна Грција, ја дефинира главната стратегија на Еразмус-проектите за интернационализација на стручното образование и обука и ги дефинира соодветните мобилности и програми за обуки со цел:

– исполнување на потребите на бизнис-секторот и индустријата во регионот;

– поттикнување на иновациите и претпримеништвото и

– промовирање на академското усовршување.

Оваа обука е од особено значење затоа што овозможи професионално искуство и видици кои го отворија погледот на учениците кон современите светски вештини.