27/03/2023 toni

Во Трст доделена наградата на средношколците од Гевгелија

На XIX меѓународен конкурс за поезија и театар “Замокот на Дуино” во Трст, Италија кој се одржа од 24 до 26 март СОУ “Јосиф Јосифовски” Гевгелија со учениците Боркица Ѓоргиева, Емилија Ванчева и Данче Стоименовска под менторство на проф.Тања Чугунцалиева беа наградени со соецијална награда за училишниот проект “Насмевки на душата”. Од две илјади пријавени песни од 49 земји од светот, СОУ “Јосиф Јосифовски” Гевгелија ја доби специјалната награда. Главeн мотив за поемата беа борбата и приказот на страдањата на луѓето низ војните и низ сето она низ кое може да помине човек без своја волја. Најважно од се, сакавме да порачаме дрка треба да се бориме и да не дозволиме болката да не обесхрабри и обликува во тажни и безнадежни суштества, не давајќи и на среќата да допре до нас. Во поемата ја прикажавме важноата на животот, на среќата на душата прикажена низ насмевката на лицето на човекот. Импресиите не се опишуваат, едноставно беа прекрасни. Голема благодарност до Општина Гевгелија и Градоначалникот Андон Сарамандов, кој овозможи да се реализира нашиот престој во Трст, Италија.