11/04/2021 toni

Вистинскиот избор подразбира добар темел и добри совети

Митко Арнаудов: „СОУ ’Јосиф Јосифовски’ од Гевгелија беше мојот почеток на патот кон иднината. Патот кој многу често изгледаше чудно, со многу барања и страници од лектирите ама кој ни ја постави основата за нашето подобро утре. ’Јосиф Јосифовски’ не беше само куќата кадешто учевме историја и биологија и каде мака мачевме со математичките равенки, туку топол дом кој ни покажа дека во животот вистинскиот избор подразбира добар темел и добри совети.“