05/06/2021 toni

Успешно заврши полагањето по македонски јазик и литература

smartcapture
Успешно заврши првото полагање на матурантите од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија по предметот македонски јазик и литература.
Со почитување на протоколите и запазување на растојанието речиси после повеќе од една година матурантите повторно седнаа во клупите. По малку трема и страв од полагањето, но со многу ведрина на лицата заврши еден дел од матурата за која ќе се чекаат резултати после еден месец.
148 ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“, кои го завршија средното образование и се пријавија за државната матура. На ниво на држава 15 294 кандидати се пријавени за матурата во оваа учебна година.
Вториот екстерен испит, кој е изборен, е закажан за 11 јуни. Тест по математика избрале 1529 матуранти. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски (13 452). Германски јазик ќе полагаат 140, француски јазик 32, руски јазик 18.

smartcapture