07/12/2020 toni

Успешно реализирани работилници од МИО – проектот

Во рамките на проетот за Меѓуетничка интеграција во училиштето, се реализираа онлајн работилници меѓу СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија и партнер училиштето СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје. Работилниците беа поделени во три дела. Првиот дел, кој беше опфатен во првиот ден од средбата, беше работилница за биоетика, екологија, под менторство на професорката Снежана Арџанлиева Танева, каде заедно со своите ученици престави неколку презентации за важноста и заштита на животната средина. Се дискутираше за нерационалното искористување на природните ресурси, несовесноста на луѓето од фрлањето на отпад и за потребата од рециклирање, како и за најактуелната тема која во моментот не засега сите нас, загадениот воздух. Учениците изложија повеќе факти кои се однесуваат на подигање на свесноста на луѓето во преземањето на одговорноста.

Вториот дел се однесуваше на темата онлајн бон-тон и добри манири , за кој беше задолжена професорката Беса Кадриу и се реализираше на сличен начин како и првата работилница.

За третиот дел беше одговорна професорката Жана Живадиновиќ и престави активна презентација,користејќи ја алатката ментиметерhttps://www.mentimeter.com/s/4259491076b4564160eba0c4ddc41abb/3e5a6a0dcdba за поттикнување на демократска партиципација така што на секој слајд секој учесник имаше можност да го изрази своето мислење преку гласање, брз одговор, зборови за опис и виртуелни коментари и реакции кои цело време беа пренесувани во живо на екранот. По воведниот дел (бура на идеи) учениците беа поделени во мали групи од 4 члена (по 2 од секој наставен јазик) и преку формирање на посебни канали на МС Тимс работеа самостојно во групите. Имаа задача да договорат нов предмет кој би сакале да го вметнат во наставната програма во училиштето, кое го нарековме НАШЕ УЧИЛИШТЕ/ SHKOLLA JONË/OUR SCHOOL. За истото, групите требаше да подготват куси презентации кои подоцна ги преставија пред сите учесници. Задачата беше успешно реализирана по креативните заеднички презентации и мислења кои ги споделија на главниот канал.

Иако секоја од професорките беше формално одговорна за една од активностите, сите три постојано соработуваа во сите активности што подоцна се рефлектираше и врз самите ученици.

Со оглед на тоа што првичната цел беше зближување и остварување контакт на ученици од различни наставни јазици, оваа активност ја исполни целта, што се докажува по тоа што учениците одлично комуницираа меѓусебно (иако на почетокот една од главните пречки беше јазикот и онлајн средината), а најмогу од тоа што побараа повеќе време за работа во малите групи и повторна слична активност во блиска иднина, што ќе им биде овозможена.