05/04/2022 toni

Успех за Иван Стамков од машинскиот сектор

На  одржаниот Регионален натпревар во СОУ „Киро Спанџов Брко“ – Кавадарци, за учениците од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта, во организација на Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри на ЕМС училишта, ученикот Иван Стамков од III-7 клас, сектор – Машинство, квалификација – Машински техничар за моторни возила, го освои второто место. Иван продолжува поатаму на Државниот натпревар.