На натпреварот за најдобри експерименти и едукативни модели за средношколци што се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје во рамки на одбележување на „Ноември – Месец на науката“, учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ постигнаа значајни резултати.
Под менторство на професорката Андигона Костадинова учениците Благица Ставрова и Сандра Спасовска го освоија првото место со експериментот ” Квалитативна анализа на јаглехидрати и протеини во храна и пијалоци”, а учениците Милчо Јовановски и Тијана Ристовска го освоија третото место за “Модел на растителна клетка” .
Ученичката Марија Бојкова под менторство на професорката Лилјана Андонова учестсвуваше со свој експеримент и се стекна со пофалница.
Во рамки на манифестацијата со свој експеримент од областа на хемијата учествуваа и ученичките Бојана Трајкова и Мирјана Аврамова под менторство на професорката Снешка Аризанова и се стекнаа исто така со пофалница.Честитки до сите ученици и професори. Очекуваме нови демонстрации и симулации на своите експерименти.