21/03/2022 toni

Успех на Марија и Филип на Регионалниот натпревар по математика

Во саботата, на 12 март , на 45-от Регионален натпревар по математика, на кој учествуваа ученици од Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Богданци и Гевгелија, од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се натпреваруваа 7 ученици кои претходно постигнаа успех на општинскиот натпревар.

Од прва година учествуваа: Марија Попова, Филип Аџиниколов и Ѓорге Аблаков под менторство на професорот Сашо Папалазов; од втора година: Ива Цицмиловиќ, Ирина Прошева, Вања Стојменова, под менторство на професорот Бранко Бимбиловски; од трета година: Антониј Стојменов под менторство на професорот Зоран Филов.

На натпреварот ученичката Марија Попова освои трета награда, а ученикот Филип  Аџиниколов доби пофалница за успешно учество, со што се стекнаа со право да учествуваат на Државниот натпревар по математика кој ќе се одржи на Природно математичкиот факултет во Скопје на 16 и 17 април 2022 година.

На Марија и Филип им посакуваме многу успех на државниот натпревар!