16/05/2019 Goran Manev

Успех на интернационален гастрономски фестивал „COOK AND SERVE 2019“

На интернационалниот фестивал „COOK AND SERVE 2019″ што се одржа на 10.5.2019год.  во Штип,  учениците од угостителско-туристичката струка, образовен профил готвач и келнер постигнаа извондреден успех.

Васил Пешевски го освои второто место во категоријата национално јадење на модерен начин.

Во категоријата торти ученикот Венци Каранфиловски го освои третото место.

Во категоријата ресторантска маса, презентација и послужување вино ученикот Томче Пакетов го освои третото место.

Во категоријата национално јадење на модерен начин – тимско, тимот од учениците Никола Стаменковски, Андреј Митев и Златка Лазова го освоија четвртото место.

Во категоријата трка на келнери учениците Лилјана Мижорова и Мартин Демерџиев се стекнаа со пофалница.

Учениците беа под менторство на професорките Марина Калкова и Ана Аврамова.