07/07/2021 toni

Уште еден успех за Ана Папалазова

На 26 јуни на ПМФ се одржа државниот натпревар по биологија. На овој натпревар учествуваа ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија од прва, втора и трета година.  Ученичката Ана Папалазова под менторство на професорката Ани Костадинова освои прва награда во категоријата III година, а останатите добија сертификати за учество – Марија Кичукова, Вања Стојменова и Даниел Ристов.