26/08/2025 toni

Унапредување на вештините на наставниците во мултикултурни училници

На 26.8.2025 година, во просториите на угостителската сала при СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, се одржа дисеминација од проектот Erasmus + KA1, на тема: „Унапредување на вештините на наставниците во мултикултурни училници“. Тимот составен од стручниот соработник, педагог Маја Проданова, наставниците: Славица Маркова, Јулија Беќарова, Тања Чугунцалиева, Билјана Панова, Горан Манев и Сашо Папалазов, ги презентираа своите искуства и знаења стекнати на обуката во Атина, споделувајќи добри практики, идеи и препораки за поинклузивна и поуспешна настава. Благодарност до сите присутни колеги кои активно се вклучија во дискусиите и придонесоа со своите примери и интеракција. Со вакви активности го зајакнуваме професионалниот развој на наставниците и ја градиме нашата училишна заедница како простор на почитување, толеранција и заедничко учење.