16/12/2022 toni

Учество на ученици од Гевгелија на Националниот дебатен турнир

Национално дебатно првенство Дебатниот клуб кој функционира во рамките на Центар за поддршка на НВО (РЦОР) Гевгелија во кој членуваат ученици од СОУ Јосиф Јосифовски-Гевгелија ќе учествува на Национален Дебатен турнир со свои 7 средношколци дебатери кои ќе дебатираат со дебатни клубови од други градови. Дебатниот турнир ќе се одржи во периодот 16-18.12.2022 во просториите на „СОУ Орце Николов“ во Скопје. Дебатниот турнир е дел од проектот Локални младински клубови во тековната 2022/23 година, проект на УСАИД за медиумска писменост под наслов „Младите размислуваат . Со формирање на локалниот младински клуб младите учат да дебатираат, се создава простор за слободно изразување и младинско организирање, се запознаваат со поимот младински активизам и се унапредуваат младиските права и политики.